Груевски препорачува ширење на пазарот кон Азија, Африка и Америка

Bez autora
May 27 2013

Бизнисмените да го прошират пазарот на Азија, Африка и Америка, препорачува премиерот Никола Груевски, затоа што европскиот сè уште е во криза, по денешниот традиционален годишен појадок со членовите на Сојузот на стопански комори. Освен што Владата прави максимални напори за привлекување инвеститори, освојување нови пазари, ценам дека постои уште простор, самите компании, бизнисмени да покажат уште поголема активност за изнаоѓање нови пазари и барање нови контакти за продажба на нивните производи, за комуницирање со други компании од различни држави. Мислам дека освен што треба да останат фокусирани на европските пазари, како што се и до сега, би било добро да се осврнат и на другите пазари, како што е азискиот кој и не е во криза, но и другите, американскиот пазар, пазарот во Африка, којшто е посебно интересен за западноевропските инвестициони фондови во последните месеци, рече Груевски.

Груевски препорачува ширење на пазарот кон Азија, Африка и АмерикаБизнисмените да го прошират пазарот на Азија, Африка и Америка, препорачува премиерот Никола Груевски, затоа што европскиот сè уште е во криза, по денешниот традиционален годишен појадок со членовите на Сојузот на стопански комори.

„Освен што Владата прави максимални напори за привлекување инвеститори, освојување нови пазари, ценам дека постои уште простор, самите компании, бизнисмени да покажат уште поголема активност за изнаоѓање нови пазари и барање нови контакти за продажба на нивните производи, за комуницирање со други компании од различни држави. Мислам дека освен што треба да останат фокусирани на европските пазари, како што се и до сега, би било добро да се осврнат и на другите пазари, како што е азискиот кој и не е во криза, но и другите, американскиот пазар, пазарот во Африка, којшто е посебно интересен за западноевропските инвестициони фондови во последните месеци", рече Груевски.

Им забележа на компаниите за малата заинтересираност за проширување на пласманот на нивните производи, затоа што како што рече, Владата понудила да носи претставници на повеќе компании во Хрватска, Унгарија и Албанија, но за сите земји се јавиле не повеќе од пет фирми.

Груевски заклучи дека ако за земјите од регионот со кои најмногу трговски соработуваме има толку мала заинтересираност, тогаш не очекува некој да се пријави за една посета на пример на Бразил или на Казахстан.

Од друга страна пак, претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников, рече дека пред извесно време токму Сојузот однесе 30 компании во Катар и Бахреин, но признава дека постои летаргичност за проширување на бизнисите кон други пазари кај компаниите.

Сојузот на стопански комори во понеделник, на деловниот појадок испорача 77 барања за воведување нови мерки, кои ќе го стимулираат пазарот за кои Груевски рече дека внимателно ќе бидат разгледани и сè она што е остварливо ќе биде прифатено.

„Главното барање на Сојузот на стопански комори беше како до поголем стопански раст. Ние имаме проектиран раст на БДП од 2 отсто, имаме 3 отсто инфлација проектирани за 2013 година и имаме кредитен раст од 5 отсто. Без кредитен раст меѓу 8 и 10 отсто на номинален раст на БДП од 5 отсто, ние не можеме да постигнеме значителен раст во 2013", рече Калеников.

Затоа побарале од владата да седнат и да го разгледаат ова прашање, бидејќи банките се приватни и не може да влијаат на нив, па дали тоа ќе биде конкурентен модел преку докапитализација со 20 и 30 милиони евра на Македонската банка за поддршка и развој кој ќе може широко да кредитира или нешто друго, останува да се разговара.

„Тука маневарскиот простор на Владата е ограничен, бидејќи тоа е пред сè во ингеренции на Централната банка и банките, но она што Владата го правеше и го прави е обезбедување на кредитни линии коишто се со екстра поволни услови и се со субвенционирана камата.Најавивме денеска дека од последната транша од 100 милиони евра, кредитна линија од ЕИБ, во значаен дел е веќе искористена", рече Груевски, кој додаде дека по трошењето на последните 20 милиони евра кои останале, веднаш ќе поднесат барање за друга.

На деловниот појадок, исто така, било договорено, вакви средби да не се случуваат само еднаш годишно, туку на три месеци еднаш претставници на одредени стопански гранки, членки на ССК, да присуствуваат на Економскиот совет на владата, каде побрзо и навремено ќе може да се изнесуваат проблемите и да се бара решение за нив, што од Владата и било прифатено.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik